Centar.mk
БИЗНИС

ВЕДНАШ ВРАТЕТЕ го НАЗАД ако сте го КУПИЛЕ: АХВ нареди итно повлекување на производ од маркетите и продавниците

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нареди итно повлекување на еден производ од маркетите и продавниците.

АХВ ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – колачот „QUADRONE VERIEGATO Geechele 400“, поради присуство на хлорпирифос, опасен пестицид забранет за користење во Европската унија.

Доколку граѓаните го купиле овој производ од серијата со рок на траење до 15 октомври оваа година, истиот да не го конзумираат и да го вратат таму каде што го купиле.

Сериски број/лот: 15.10.2023
Рок на употреба: 15.10.2023
Производител: GECCHELE Italy
Увозник: ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје
Дистрибутер: IL FORNAIO DEL CASALE S.p.A Italy

Можеби ќе ве интересира

ВО СОСЕДСТВОТО ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА – Објавени новите цени

ДЕСК

ВИ СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРОДАЖБАТА ПРЕД ПРАЗНИЦИ? – Како да избегнете проблеми по сезонскиот бум

ДЕСК

ГЕРМАНИЈА УСВОИ БУЏЕТ ОД РЕЧИСИ 556 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

ДЕСК