Македонската иднина не е прашање на поединци, туку колективната свест и совест раѓа колективен напредок, вели генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ во интервју за фокус.мк. Според него на одговорни партии и одговорни политичарм им доликува да се постави државниот интерес на прво место, бидејќи станува збор за сериозни процеси од кои зависи иднината на земјата.
-Членството во ЕУ е стратешка цел детерминирана уште од прогласувањето независност на државата. Не е тоа случајно. Како ќе го третираме ова стратешко прашање, така ја третираме иднината на земјата.
Јас уште лани во моите обраќања пред јавноста повикував на национално обединување, на сите политички свесни фактори, за сите важни прашања за иднината на нашата татковина. А, полноправното членство во ЕУ е круцијално. Рече Зечевиќ.
Споед него СДСМ покажал државнички капацитет, подавајќи рака и дијалогот започна.
-Тоа е добро, но не е доволно. Не гледам причина зошто да не продолжиме. Можеме да застанеме рамо до рамо со ДПМНЕ кога е иднината на земјата во прашање. Народот сака да ги види најголемите партии заеднички да работат за доброто на земјата и убеден сум дека заедничка одлука за уставните измени, национално единство преточено во глас за Европа во македонското Собрание ќе биде широко поздравен чин., вели Зечевиќ.