Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Зечевиќ за Максим Димитриевски: Тој ја донесе својата одлука, секој со својот крст

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ во интервју за Фокус истакна дека за клучните државнички прашања СДСМ функционира унисоно.

-Тоа и се гледа од нашите позиции коишто ги демонстрираме секојдневно. За сето останато, аргументирано дебатираме, некогаш пожестоко, некогаш потивко, впрочем како и во секоја нормална демократска партија, вели Зечевиќ.

Тој додаде дека во едно демократско општество нормално е да постојат различни гледишта, а прашан за потезите на Максим Димитриевски, тој одговори:

-Максим Димитриевски го направи својот избор. И нема тука што многу да се филозофира. Секој со својот крст, вели нашиот народ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +