Centar.mk
БИЗНИСвест

МЗШВ: Исплатени речиси 224,4 милиони денари дополнителни субвенции кон 3.821 корисник за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализира исплатата за дополнителни директни плаќања од подмерката 1.4 за градинарските култури предадени во преработувачките капацитети до 3.821 корисник во износ од речиси 224,4 милиони денари.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерката 1.4 на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во регистарот на откупувачи на земјоделските производи.

Висината на директните плаќања изнесува 3 денари за килограм за сите градинарски култури.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК