9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Oд денеска нова авиолинија Скопје – Осло

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, на Меѓународниот аеродром Скопје ги пречекаа првите патници на линија Осло – Скопје со што го означија воспоставувањето на новата авиолинија, која ќе ја оперира авиокомпанијата „Норвеџиан Ерлајнс“.

„Продолжуваме со реализацијата на нашите успешни политики за развој на авиосообраќајот и цивилното воздухопловство во Северна Македонија. Во контиуитет обезбедуваме нови дестинации за нашите граѓани, овозможуваме зголемен развој на туризмот во земјата, а со тоа и раст на домашната економија.

Овој месец се воспоставија неколку нови линии од охридскиот аеродром, а еве веќе од денеска, на заедничко задоволство ја промовираме линијата Скопје – Осло која ќе биде реализирана преку авиокомпанијата Норвеџиан Ерлајнс. Сакам да упатам благодарност за тоа што ја избраа Северна Македонија во нивната мрежа на дестинации“, истакна Бочварски.

Оценува дека влегувањето на норвешката авиокомпанија на македонскиот пазар е само потврда на успешните политики што ги реализираме заедно со „ТАВ Македонија“.

„Создавајќи поволни услови за авиокомпаниите, ја доближуваме земјава поблизу до европските пазари. Од Меѓународниот аеродром Скопје до сега бевме поврзани со Осло преку авиокомпанијата Визер, но со оваа нова линија на Норвеџиан ерлајнс даваме дополнителна алтернатива и можност за унапредување на економијата, туризмот и генеранлно конкецијата со Норвешка. Линијата ќе сообраќа два пати во неделата и уверен сум дека ќе отвори многу нови перспективи и зближување помеѓу двете земји“ рече министерот.