Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Асфалтирање на локалниот пат – улица 532

Општина Илинден деновиве работи на завршната фаза за реконструкција на локалниот пат – улица 532, на која денеска и утре се врши завршен слој на асфалтирање на коловозот. Покрај асфалтирањето на коловозот, изградена е и пешачка патека во должина на улицата.

Денеска увид во работните активности направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека потребата за целосна реконструкција и стабилизација на патот е поради големата сообраќајна фрекфенција и движење на овој локален пат, кој е од огромно значење за општината и претставува главна сообраќајна конекција меѓу населени места Илинден, Марино и Кадино. Дополнително локалниот пат ,,532” претставува единствен влез во една од најголемите локални економски зони Марино-Кадино, потоа конекција со училиштата и повеќе објекти од јавен карактер.

Општина Илинден ќе продолжи со континуирано работење на изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта, со цел подобрување на локалната патна инфраструктура. Во рамките на реализацијата на проектот директно ќе се придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот, ќе се подобри секојдневната комуникација на луѓето, учениците и децата, ќе се подобрат условите за развој на културата, спортот и рекреацијата, ќе се подобри квалитетот на живот во општина Илинден.

Можеби ќе ве интересира

Победниците на “средношколец-милионер” на средба со Коњановски

ДЕСК

Врачени наградите за најдобрите волонтери во Општина Битола

ДЕСК

Герасимовски се приклучи на хуманитарната акција и ја потпиша Општинската декларација за поддршка на волонтерството по повод Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.