Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

СДСМ: Со ДПМНЕ Скопје тоне на секое поле, зоолошката градина загуби шанса да стане европска

Соопштение на СДСМ:

Откако ДПМНЕ ја презема локалната власт во главниот град, Скопје тоне на секое поле.

Наместо да се развива Скопје со ДПМНЕ уназадува.

Последниот скандал во Скопје е поврзан со Зоолошката градина.

Во времето на СДСМ Зоолошката градина во Скопје доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше.

Со ДПМНЕ, наместо развој Зоолошката градина се соочува со низа проблеми и го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини.

Причината е неисполнување на договорите и нереализирани проекти.

Тоа е вистинското лице на најнеспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје.

Наместо модерно, скопјани добија уште една катастрофа приредена од ДПМНЕ.

Нема реализација на ниту еден проект повеќе од 1.5 година. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 еко автобуси, нема нови мега паркови, а наследените проекти како Универзална сала, мостот на булеварот АСНОМ, БРТ не се релизираат.

Можеби ќе ве интересира

Црната листа на САД и тивката дистанца на СДСМ од Јакимовски

ДЕСК

Мециновиќ: Страшна злоупотреба и кривично дело е обелоденувањето на мојот матичен број – утре може некој друг истото да ви го направи и вам

ДЕСК

Герасимовски: На 13 декември ја отвораме новата сала „Работнички“ – гордоста на Центар

ДЕСК