Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Вечерва во Националниот музеј на Босна и Херцеговина Спасовски присуствуваше на прием по повод Национален ден на Шведска

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Вечерва во Националниот музеј на Босна и Херцеговина присуствував на прием по повод Национален ден на Шведска, а на покана на амбасадорката на Шведска во Сараево H.E. Johanna Strömquist.

Пријателите од Шведска одбележуваат значаен јубилеј од 500 години – крунисувањето на кралот Густав Васа во 1523 година и ослободувањето на Шведска од Калмарската унија, а се одбележува и потпишувањето на Уставот во 1809 година.
Благодарност за поддршката за време на шведското претседавање на Советот на ЕУ, делиме исти европски вредности и имаме заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Нека е за многу години пријатели!

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК