Centar.mk
РЕГИОН

БУГАРИЈА НАЈАВУВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – По температури до 26 степени пристигнуваат грмежи

Бугарските метеоролози најавија претежно сончево и топло време за 21 октомври, со максимални температури меѓу 21 и 26 степени. Во Софија се очекуваат околу 21 степен, додека во одделни крајбрежни подрачја температурите ќе бидат нешто пониски.

Сепак, стабилното време нема да се задржи во текот на целата недела. За петок се најавени грмежи, а за викендот повторно се очекуваат повеќе сончеви периоди.