Centar.mk
фото: скриншот на видео од Влада
РЕГИОН

НАТО ГО ЗАСИЛУВА НАДЗОРОТ ВО ЦРНОТО МОРЕ – Дополнителни разузнавачки капацитети по нападите врз трговски бродови

НАТО најави дополнително засилување на разузнавачкото присуство во регионот на Црното Море по серијата напади врз трговски пловила. Одлуката следува по состанокот на амбасадорите на земјите членки во Брисел, на кој биле разгледани безбедносните ризици во регионот.

Според информациите на бугарската национална телевизија, американски разузнавачки авион „Посејдон“ веќе врши патролирање над западниот дел од морето, додека беспилотни системи се користат за набљудување. Се очекува и дополнителна сојузничка помош при анализата на остатоците од беспилотни летала поврзани со нападите.