Centar.mk
БИЗНИС

Нема продолжување на замрзнатите цени по 31 мај, ако има поскапувања, Бектеши ќе преземе мерки

Од четврток нема да има производи со замрзнати цени. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нема да ја продолжи мерката, чија важност завршува в среда, 31 мај.

„Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи имајќи предвид дека во согласност со податоците што ги имаме како Министерство за економија повеќето од производите се и пониско од нивото на замрзнување што сме го имале претходно. Ако во случај, од денот кога нема да важи таа одлука, има злоупотреба од страна на трговците, ние на дневна база ја следиме ситуација и секако дека ќе следуваат разни мерки“, рече министерот Бектеши.

Според податоците од Министерството, нагло се намалува инфлацијата во Македонија, особено во делот на прехранбените производи. Министерот Бектеши очекува во јуни да имаме пониска инфлација од 10 %.

Можеби ќе ве интересира

Од полноќ пониска даночна стапка за горивата – трговците да ги прилагодат системите, УЈП најави контроли

C +

Цените на гасот во Европа нагло паднаа по изјавите на Трамп

C +

Мицотакис објави пакет мерки во вредност од 300 милиони евра поради високите цени на енергијата

C +