8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган: Продолжуваме да го развиваме традиционалното пријателство

Честитки до Реџеп Таип Ердоган за новиот претседателски мандат упати премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.

„Големото и традиционално пријателство помеѓу Северна Македонија и Турција продолжуваме да го развиваме на билатерален економски план и во рамките на партнерството во НАТО.

Пред нас се предизвиците на глобален план и уверен сум дека како и досега ќе работиме заедно и со уште поголема посветеност на сигурноста и стабилноста на регионот и Европа и мирот во светот“, се вели во честитката на Ковачевски.

Спонзорирано: