Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: Уставните измени ќе дефинираат два блока – проевропски и изолациски

„Овие уставни измени јасно ќе ја диференцираат македонската политичка сцена на два блока. Едниот е проевропскиот блок кој е спремен со добри примери и практики да споделува европски вредности и да ја интегрира државата во ЕУ и еден политички блок кој ќе застане против интеграцијата на државата“ рече градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ги осудува сите испади на одредени бугарски политичари кои ги повредуваат македонските национални чувства.

„Не смееме да заборавиме и да ги заспоставиме позитивните примери од односите со Бугарија. Струмица се збратими со бугарска општина, каде во Бугарија ни е признаен македонскиот јазик и македонската посебност. Тоа е пример како се споделуваат европски вредности“ рече Костадинов.

Тој додаде дека сега е моментот кога треба да се донесе одлука и да се изгласаат уставните измени, а не да се политизира бидејќи влегуваме во Унија во која компромиисот е една од освноните алакти при одлучување.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +