Centar.mk
СВЕТ

Претседателот на иранскиот парламент до Трамп: „Вашите неодговорни потези ги влечат САД во жив пекол“

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека Блискиот Исток ќе „гори“ и дека Соединетите Американски Држави ќе бидат во „жив пекол“ затоа што американскиот претседател Доналд Трамп ги следи наредбите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Вашите неодговорни потези ги влечат САД во жив пекол за секое семејство, а целиот наш регион ќе гори затоа што инсистирате да ги следите наредбите на Нетанјаху. Немојте да се залажувате: нема да добиете ништо од воените злосторства“, рече Калибаф на мрежата Икс откако Трамп претходно ги повтори заканите за уништување на иранските електрани и мостови ако Ормускиот теснец не се отвори до вторник.

Калибаф нагласи дека „единственото реално решение е да се почитуваат правата на иранскиот народ и да се стави крај на оваа опасна игра“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ајкула уби 38-годишен маж од Австралија, сопругата: Тој живееше и дишеше за океанот

C +

Маѓар до унгарскиот претседател: „Мораш да си заминеш, и ќе си заминеш“

C +

Германија предупредува за последиците од војната во Иран и блокадата на Ормускиот теснец

C +