Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: Струмица ќе стане првиот град на Балканот со целосно електрифициран јавен превоз

„Завршува техничкиот дијалог и Струмица распишува јавна набавка за електрични автобуси. Благодарение на мудрите одлуки на советниците, нашиот град ќе биде прв на Балканот со целосно електрифициран јавен превоз“ изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека е основано јавното претрпијатие и во следните недели ќе се распише јавниот повик за набавка на автобусите и рече дека за разлика од Скопје, каде што помпезно се најавуваа еко автобуси во предизборието, а потоа сообраќајното претпријатие немаше пари да исплати ни плати, во Струмица прво се сработува, па потоа се промовира.

„Би сакал сите општини да имаат финансиска слика како што има Струмица. Немаме доспеани обврски према добавувачи, со реализирани силни капитални инвестиции. Струмица може да се пофали с отоа што реномирани економисти на еден познат економски портал имаа анализа дека Струмица е единствена општина која е независна од странски гринфилд инвестиции“ рече Костадинов.

Градоначалникот на Струмица додаде дека во неговата општина има силно мотивирани локални фирми, кои треба да се негуваат и поддржуваат бидејќи тие се силата на Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Излегува на виделина блискоста на Коларевиќ со СДС, затоа да одговори дали по наредба на Абази и насока на Филипче, Заев и Ахмети ја стопира постапката за случајот „Мазут“?

ДЕСК