24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Загубени грантови, долгови и партиски вработувања, Скопје и општините коишто ги води ВМРО-ДПМНЕ се заглавени

Владата успешно се справи со енергетската криза, ги заштити граѓаните и компаниите, го зголеми производството на струја за 44% а со тоа обезбеди евтина струја за производителите на основни прехранбени производи, да обезбедиме снабдување дури и на комуналните претпријатија со евтина струја, посочи денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање во македонското Собрание.

Ковачевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ која управува со над 90 проценти од општините во државата ги зголеми цените на комуналните услуги а јавните претпријатија ги доведе во ситуација да бидат без пари и нефункционални.

-90 проценти од општините во државата управувате. Ем добија евтина струја, ем ја покачија цената на комуналните услуги и сега викаат нема пари. Знаете зашто нема пари? Ги гледав буџетите на општините, тоа го кажуваат и финансиските институции. Две третини буџет на јавно комунално претпријатие во општина која што вие ја раководите, која ја води вашата партија, нема да го кажам името на општината, две третини буџет е за привремени вработувања. Нема пари за струја, нема пари за друго, дајте пари пак. Кога 500 евра беше цената на електрична енергија мегават час цената за нив беше 100 MWh. Пет пати помалку. Aма нема да има пари кога две третини буџет за привремени вработувања, па дали е тоа одржливо? рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ и градот Скопје се заглавени, со загубени грантови, без реализирани проекти и во долгови.

– 70 милиони евра грант изгубивте во Скопје заради тоа што не сте иделе на состаноци. Вие не сте иделе на состаноци, ваш е градоначалникот, не е мој, вие имате градоначалник во Скопје. Вие славевте пред Белата палата, игравте чочеци, свиревте трубачи, носевте бели капути, сите во нови блузони и на крајот и грантови изгубени и ништо ненаправено, рече Ковачевски.

линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=2fkO2h5SEdQ