15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Тајван во рецесија

Економијата на Тајван падна во рецесија, покажа денеска статистиката, одразувајќи ја слабата странска побарувачка во услови на повисоки трошоци за задолжување и зголемени тензии во односите меѓу САД и Кина.

Во првите три месеци од оваа година БДП на Тајван е намален за 2,87 отсто во споредба со истиот период минатата година, објавија статистичарите, што е најлош резултат од 2009 година.

„Иако стапката на економски раст беше негативна, домашната побарувачка беше доста добра“, изјави за новинарите Цаи Хунг-кун, заменик директор на агенцијата за статистика, нагласувајќи дека стапката на невработеност е на најниско ниво во повеќе од 20 години.

Економијата на Тајван сега е во рецесија, бидејќи активноста се намалува два последователни квартали, а гувернерот на централната банка предупреди оваа недела дека може да закрепне до четвртиот квартал.

Годинава БДП треба да порасне за 2,04 отсто, пресмета статистичката агенција. Тие прогнозираат и дека извозот годинава ќе се намали за 7,27 отсто, откако странската побарувачка се намали во април осми месец по ред.