Цените на енергијата станаа една од главните теми на самитот на Европската Унија во Брисел.
Еврокомесарот за енергија Дан Јоргенсен предупреди дека продолженото поскапување може да го зголеми незадоволството и поддршката за популистички и екстремистички партии. Се разгледуваат и привремени таргетирани субвенции за најпогодените домаќинства и компании.


