Внатрешната контрола на МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник осомничен дека изработил и употребил две лажни потврди дека дарувал крв.
Според МВР, тој не дарувал крв на наведените датуми, но со документите добил вкупно шест дена платено отсуство. Против него ќе биде поведена и дисциплинска постапка.


