26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Маргарита Цаца Николовска: Работната групата има мандат за внесување на Бугарите и другите народи во Уставот, но не и за менување на 20% со албански јазик

Маргарита Цаца Николовска, претседателката на работната група за уставни измени во „Клик Плус“ на ТВ21 ги демантираше најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека со внесување на Бугарите во Уставот, почнува процесот на промена на државата во бинационална.

„Шпекулациите дека со промена на преамбулата ќе дојде до промена на идентитетот на државата и дека ќе бидеме бинационална држава, и дека ќе го изгубиме јазикот се прашања кои се со цел да поттикнат нешто кое не е потребно. Во овој момент на Македонија како држава и е потребно да работи на остварување на стратешката цел, она што е да се влезе во ЕУ, она што е да може понатмау да го презентираме своето гледање, да ги презентираме сите видувања и сите наши напори кои ги чиниме. Да се изразам така дека тоа е замајување на јавноста дека ќе бидеме бинационална држава“, рече Николовска.

Претседателката на работната група за уставни измени Маргарита Цаца Николовска, во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека Работната групата има мандат исклучиво за внесување на Бугарите и другите народи во Уставот, но не и за менување на 20% со албански јазик како што бараат одредени албански политички партии и политичари.

„Нас мандатот ни е исклучиво врзан за вметнување во Уставот на други делови од народи. Не е точно наведено во решението, ниту точно наведено во она што е претходно презентирано, во тие документи стои дека треба да се вметнат во Уставот делови од други народи, и како пример се посочени Бугарите и народи кои треба бидат внесени. И ние немаме мандат за други прашања, ниту имаме мандат ниту намера да дискутираме на други теми и други барања“, кажа Николовска.

Б. Ј.

извор Новатв.мк