Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

РЕКЛАМИ ИЗЛЕГУВААТ И “ОД ФРИЖИДЕР” ЗА БРЗ КЕШ НА ЗАЕМ: Граѓаните бараат спас од вртлогот во кој влегуваат преку брзите кредити – Ќе им помогне ли државата?

Во тек е процесот на промена на законите за ограничување на максималната камата која може да се примени и таа не смее да биде повисока од долгот.

Оваа промена на законите е резултат на загриженоста на граѓаните поради бројните случаи на презадолженост предизвикани од високите камати, провизии и казни поврзани со брзите кредити.

Владеачката партија реагираше на оваа загриженост и најави дека промените во законите за облигациите и извршувањето ќе се однесуваат и на услугите на финансиските друштва, вклучувајќи ги компаниите кои нудат брзи кредити.

Од владејачката партија, СДСМ, неодамна објаснија дека овие промени ќе ја контролата на државата врз работата на финансиските друштва и наплатата на трошоци, но казнената камата е регулирана со Законот за облигациите, па затоа промените ќе влијаат и на Законот за финансиските друштва и односите меѓу финансиските друштва и корисниците на финансиски услуги.

Социјалните мрежи се полни со примери на случаи каде граѓани се презадолжени и ги губат своите имоти поради земање на дополнителни кредити за покривање на претходните. Многумина наши сограѓани се влечат во вртлог на презадолженост што станува вистинска опасност.

Лесната достапност на овие кредити допринесува за усложнувањето на ситуацијата. Само со лична карта преку интернет може да се подигне кредит, а полицијата имаше многу случаи на злоупотреба на туѓи лични карти за земање на вакви кредити.

Некои од компаниите кои делат кредити додаваат административни трошоци на кредитите, а како што дознаваме некои граѓани добиле покачување на долгот и само што добиле писмо по пошта во кое имало опомена.

Граѓаните сметаат дека треба да се стави крај на манипулативните реклами на некои компании со што во заблуда се доведуваат самите потрошувачи, кои најчесто не ги читаат и не ги разбираат условите.

Дали усвојувањето на овие промени во законите ќе го прекине должничкото ропство на одредени луѓе и семејства кон ваквите компании кои нудат брзи кредити?

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК