Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Претседателот на ИНТЕРПОЛ во писмо до Спасовски: Вашето визионерско лидерство е од фундаментално значење за националната, регионалната и глобалната безбедност

Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ел-Рајси во писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја изрази својата почит и благодарност за гостопримството за време на 50 Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржа од 8ми до 10ти мај во Охрид.

Тој во писмото ја наведува благодарноста за тоа како Спасовски и МВР како домаќини ја организирале конференцијата, но и 7 Мај – Денот на македонската полиција на којшто Ел-Рајси беше гостин.

-Свесен сум за макотрпната работа во организирање на ваков настан, како и запосветеноста која мажите и жените ја демонстрираа во осигурувањето на исклучително искуство за сите нас, пишува Ел-Рајси.

Истакнувајќи ја благодарноста и за можноста за средба со Спасовски, Ел-Рајси потенцираше дека темите за кои се разговарале се на врвот на агендата на Извршниот Комитет на ИНТЕРПОЛ. Притоа, тој ја истакна визијата и поддршката на Спасовски за безбеден регион и за надминување на предизвиците со кои се справува ИНТЕРПОЛ.

-Вашето визионерско лидерство за безбедносните сили на Северна Македонија, како и посветеноста на вашата Влада на меѓународна полициска соработка се од фундаментално значење за националната, регионалната и глобалната безбедност. На лично ниво, би сакал да се заблагодарам за континуираната поддршка која ми ја давате и за инспиоративните разговори за време на нашата средба., истакна претседателот на ИНТЕРПОЛ Ел-Рајси.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25 проценти од предвидените за 2026 година

C +

Муцунски: Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки

C +