Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Македонците во Грција: Сега на панаѓурите и веселбите нема да слушнеш ништо друго освен македонски песни и ора

Македонците во Грција, видливо ослободени и поттикнати од позитивните промени во Грција во однос на малцинските прашања, повеќе години наназад се насочени кон охрабрување и поттикнување на активности за негувањето на духовното и фолклорното наследство меѓу новите, помлади генерации, пишува „Рацин.мк“ во третиот дел од серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“.

– Сега е променето. Сега на панаѓурите и веселбите што ги имаме во нашите села нема да слушнеш ништо друго освен македонски песни и ора, изјавил Пеце Бенишев од Горно Врбени за „Рацин.мк“.

Сега, по потпишувањето на Преспанскиот договор ситуацијата е целосно променета сведочат тие, но и нивното секојдневие. Во Овчарани за време на празничните денови за Илинден, како селски празник во чест светецот Свети Илија, како заштитник на селото, но и како празник на Илинденското Востание, се собирале од 8000 до 15.000 луѓе од поширокиот регион. На овие народни собири сега се пејат гласно македонските песни што тука се негувале со векови, но и некои нови.

– Од 1985 година почна да се пее македонски, зашто до ’85 бевме „Чарли Чаплин“, само со музика бевме, не бевме со песна. Од ’85 почна песната. Од тогаш навака од Солун, Бер, Негуш, Воден, Катерини, Калјари… се берат од 8000 до 15000 луѓе тука. Сега не само Овчарани, туку секаде се пее македонски, и во Кукуш, и во Воден, и во Калјари, секаде… Сега на свадбите и крштевките веќе се гледа дали е човек Македонец или Грк, нагласува Пандо Ашлаков/Панајот Анастасијадис од Овчарани во изјава за „Рацин.мк“.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест… Повеќе