Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Васкопулос Филипов од „Виножито“: Прашањето на правата на Македонците во Грција е прашање на државата во која тие живеат

Павлос Васкопулос Филипов и останатите во „Виножито“ се единствени дека нивните барања за човековите права кои им припаѓаат, како се користење и учење на мајчиниот македонски јазик, правото на негување и афирмација на традициите кои произлегуваат од нивниот национален идентитет и правото на политичко организирање за остварување на овие права, е нивна борба, во земјата во којашто што живеат и од која очекуваат да ги почитува овие нивни барања како на граѓани кои ѝ припаѓаат на Република Грција, пишува „Рацин.мк“ во третиот дел од серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“.

На прашањето дали доволно им помага Северна Македонија за остварување на нивните цели и за овие прашања, тие велат дека ова е нивна борба и на државата во која живеат.

– Ние сме граѓани тука, вие сте граѓани таму, ние сме ист народ, ние сме Македонци, истиот јазик, исти адети, истото минато, само што разликата е што ние сме граѓани тука, а вие сте граѓани таму. Значи за нас, за ние што сме тука граѓани, треба оваа држава да направи реформа, грчката држава треба да го направи тоа што треба за да ја почитува разноликоста, дециден е Павлос Васкопулос Филипов во изјавата за „Рацин.мк“.

Тој укажува и на уредувањето на прашањата на немнозинските етнички заедници во Републиката, како што најчесто ја нарекуваат Северна Македонија и вели дека нашата земја може да биде пример за ова прашање на Грција.

– Замислете како ќе беше интересно, ако македонската држава беше полноправна членка на ЕУ. Навистина, македонските политичари ќе можеше да ги учат грчките политичари како да ги имплементираат принципите за почитување на правата за националните јазични малцинства како што е кај вас, посочува Васкопулос Филипов.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе… Повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе