26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНОИЗБОР

Јанчева: Скопје не почнало со Арсовска, ниту со неа ќе заврши, но никој не го довел градот во толку лоша ситуација претходно

„Недозволиво е најбогатата и најголемата единица на локална самоуправа да се доведе во ваква ситуација. Град Скопје не почнал со градоначалничката, ниту со неа ќе заврши. Секој градоначалник наследил долгови, земал кредити, кои неговиот следбеник ги враќал“ рече советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „Вин-вин“ на Телма.

Таа додаде дека таквата пракса е години наназад, но дека никој не го довел Град Скопје во ваква лоша ситуација како сега.

„Единствени информации што ги имаме како светници е колкав е износот на буџетот. Буџетот за 2023 година е нешто повеќе од 100 милиони евра. Се уште го немаме кварталниот извештај за да видиме колку од парите се потрошени, каде се потрошени, колкава е реализацијата. Информацијата за блокираната сметка на Град Скопје и ние како советници ја добивме од медиумите, затоа поднесовме иницијатива за вонредна седница“ рече Јанчева.

Таа додаде дека членовите на совет добиле и информација дека можна е уште една блокада на градот од Комерцијална банка, а градоначалничката тоа лефтерно го отфрлила со објаснување дека има судски инстанци кои можеби поинаку ќе решат.