Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата и инспектори упаднаа на Бит Пазар

Заеднички контроли на полицијата со пазарните инспектори во менувачници на Бит Пазар, во две констатирано незаконско работење.

На 17.05.2023, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.

При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту Дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија.

Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК