Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Дискурсот на Бугарија кон земјава за жал е многу сличен како оној на Русија кон Украина

Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина, изјави премиерот Димитар Ковачевски за време на четвртиот самит на Советот на Европа. Според него неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа.

-Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права, изјави Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК