Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Неприфатливо е неоснованите обвинувања од Софија да се злоупотребуваат за политички цели

Според премиерот Димитар Ковачевски дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина.

Ковачевски за време на четвртиот самит на Советот на Европа, изјави дека е неприфатливо обвинувањата од Софија да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа.

-Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа, истакна премиерот.

Тој додаде дека обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +