23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ќе се става крај на должничкото ропство со брзи кеш кредити

Јавните сведоштва на граѓаните го вклучија алармот. Властите најавуваат нови мерки за заштита на граѓаните од лихварските камати и провизии.

Вртлогот во кој влегуваат многумина граѓани станува опасен и токму тоа е причината за презадолженост на многумина.

Тоа е така затоа што овие компании кредитите ги обременуваат со админстративни трошоци, кои некогаш изнесуваат и 50 отсто од земениот износ за кредит, па кога на тоа ќе се додаде казнената камата за доцнење, тогаш некој кој должел 10 000 денари, за многу брзо време да треба да врати и 30.000 денари кон финансиското друштво.

Агресивните кампањи што ги водат таканаречените „продавници за пари„ лесно ги придобиваат граѓаните кои тонат во долгови и влегуваат во вртлогот подигни два за да затвориш еден кредит. Високи камати, провизии, а има случаи каде компанија за брзи кредити наплаќала и испраќање на писмена опомена. Ако во 2015 година, кога почнува да расте бројот на финасиски друштва вакви брзи заеми землае околу 14 000 граѓани, сега оваа бројка е далеку поголема над 120 илјади во 2021 година

Леснотијата со која се даваат овие кредити дополнително ја влошува ситуацијата, бидејќи за да се подигне ваков кредит доволно е само лична карта или брзо аплицирање на интернет.

Полицијата имаше и полни раце работа изминатиот период бидејќи имаше разни случаи на злоупотреба на туѓи лични карти за подигање на вакви кредити кои буквално може да се подигнат од секој ќош.

Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk.

За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат од МВР за Centar.mk.

Centar дознава дека на граѓани кои сакаат да останат анонимни и преку смс им стигаат пораки во вид на понуди за брзи кредити, иако тие не го дале телефонскиот број, нити пак согласност за да им пристигнуваат такви известувања, со што се крши приватноста на граѓаните, но се врши еклакантно кршење на Законот за лични податоци.

По серијата анализи и текстови од власта најавија дека следуваат измени на Законот за финансиски друштва, што ќе ги ограничи трошоците што граѓаните ги имаат при користење на таканаречените брзи кредити.

2015-та година клучна за развој на компаниите кои нудат брзи кредити
Финансиските друштва кои нудат брзи кредити почнаа да се појавуваат како печурки уште во 2015-та година. Нивната регулација е прилично нејасна, иако се знае дека за нив надлежно е Министерството за финансии.

Само лани Министерството за финансии напишало 13 казни на финансиските друштва од по 16 илјади евра.