Centar.mk
БИЗНИС

Бесими: Сега не е најповолно време за зголемување на платите во јавниот сектор

Министерот за економија, Фатмир Бесими, смета дека сега не е најповолно време за усогласување и зголемување на платите во јавниот сектор бидејќи, како што вели, ќе има импликации на инфлацијата и препорачува зголемувањето на плати да се имплементира од 2024 година.

Според него, платите во јавниот сектор треба да растат ако расте продуктивноста и ако се зголемат платите во реалниот сектор.

„Усогласувањето на платите на Економско-социјалниот совет ќе трае подолго, а методологијата за зголемување плати може да се донесе побргу“, рече Бесими на средбата со новинарите.

Тој потврди дека му е исплатена повисока плата за 78 отсто во согласност со одлуката на Уставниот суд. Рече дека досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.

Информира дека зголемена плата за 78 отсто им се исплаќа на 1. 060 функционери и дека за таа намена до крајот на годинава од буџетот ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo

ДЕСК

Усвоен Националниот план за енергија и клима 2025–2030 – 61 мерка која ќе донесе силен раст на обновливите извори и европски стандарди во енергетиката

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството

ДЕСК