Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити.

Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk.

За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат од МВР за Centar.mk.

Леснотијата со која се издаваат брзите кредити им даде плодна почва на измамниците. Кредит може да се подигне само со лична карта или преку интернет.

Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле злоупотребени личните податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

Агресивните кампањи што ги водат таканаречените „продавници за пари„ лесно ги придобиваат граѓаните кои тонат во долгови и влегуваат во вртлогот подигни два за да затвориш еден кредит. Високи камати, провизии, а има случаи каде компанија за брзи кредити наплаќала и испраќање на писмена опомена.

По серијата анализи и текстови од власта најавија дека следуваат измени на Законот за финансиски друштва, што ќе ги ограничи трошоците што граѓаните ги имаат при користење на таканаречените брзи кредити.

Можеби ќе ве интересира

Уделот на Самсунг (“Samsung“) премиум смартфоните расте во Европа: Galaxy S26 Ultra е на водечката позиција

ДЕСК

Wizz Air најавува отворен ден за пилоти за својата база во Скопје

ДЕСК

„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

ДЕСК