Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Мицкоски не сака дебата, единствена цел му е блокирање на процесите во државата

Резултатите во живо може да се следат преку Centar.mk со клик на овој линк.

Мицкоски не бара дебата, рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“, одговарајќи на барањето за дуел на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-За коридорите 8 и 10Д и Договорот со Бехтел и Енка две недели не сакаа да закажат дебата во Комисија. Претходно бараа дебата за уставните измени, а не прифатија да учествуваат во работната група. Беа поканети при преговорите за започнување на преговорите за членство, но не учествуваа во преговорите. Имавме и почеток на преговорите со ЕУ, опозицијата одби да се приклучи, а можеше да ги каже своите ставови, беа поканети, кажа премиерот.

Според него, единствена цел на Мицкоски е блокирање на сите процеси во државата и додаде дека се блокирани половина милијарда пари за граѓаните во Собранието, како и закони за солидарност.

-Дуел ќе има, кога ќе дојде време за тоа. Ние имаме институции во коишто треба да се води дебата, не може институционалната дебата да ја заменуваме со лидерски средби и дуели по телевизии. Автопати не се прават по лидерски средби. Ги повикувам претставниците на опозицијата, ако им дозволи Димитар Апсаиев да се приклучат кон процесите што значат унапредување на животот на граѓаните, порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

ДЕСК

Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ова беа можеби најмирните избори што е пред се заслуга на граѓаните

ДЕСК

Јорданов од ВМРО ДПМНЕ прогласи победа со 15.000 гласа разлика

ДЕСК