Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Над 200 деца вакцинирани во рамки на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“

Досега над 200 деца се вакцинирани на лице место за пропуштени рутински вакцини и се поделени повеќе од 4.000 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април 2023 година, како дел од Европската недела на имунизација 2023 година и се реализира со финансиска поддршка од ЕУ.
Во неа се вклучени повеќе од 30 медицински тимови, кои до крајот на овој месец планирано е да посетат 2.900 семејства, во над 120 населени места.
Тимовите составени од здравствени работници ги презентираат бенефитите од имунизација, а воедно вршат и администрирање на вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +