25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска – Стојчевска: Законот за употреба на македонскиот јазик е со цел јазикот дополнително да се унапреди и заштити

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во гостување на Телевизија 24 истакна дека новиот Закон за македонски јазик дополнително ја унапредува употребата на македонски јазик.

„Законот е еден вид на реакција на сѐ што се случува во однос на јазикот, преголемото присуство на интернационализми, позајмени зборови. Со овој закон се воведува ред. Законот беше долго работен со Советот за македонски јазик и целата стручна фела. Во конструктивна дебата имаше предлози, кои беа вградени во законското решение“ посочи Костадиновска Стојчевска.

Таа истакна дека по носење на Законот, со него ќе се усогласат сите слични закони, вклучително и Законот за употреба на јазиците, а новитет е што се воведува и Инспекторат за македонски јазик, што ќе биде задолжен за имплементација на Законот за употреба на македонскиот јазик.

„Инспекторатот не треба да се сфаќа како нов вид на полиција или казнена политика. Тоа е механизам што ни е потребен, за да се реагира и унпареди употребата на јазикот, да не се реагира само на социјалните мрежи. Зборуваме за уредување и унапредување на користењето на македонскиот јазик и кирилското писмо. Секаде каде што ќе биде забележана неправилна употреба на јазикот, ќе се предупреди и санкционира“ порача Костадиновска Стојчевска додавајќи дека со новиот Закон секоја институција ќе мора да има ангажирано лектор.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Надлежните ресори во Министерството за одбрана да преземат мерки за расветлување на скандалозниот конкурс за офицери

ДЕСК

ДУИ: Мицкоски на погрешен пат, неуспесите не се покриваат со клевети

ДЕСК

Крвава драма во локал во Автокоманда: Почнал да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со шишиња и удрил во жена со која претходно договорил средба

ДЕСК