Centar.mk
вестКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Законот за јазикот ќе смени и други закони за негова целосна примена

„Законот за употреба на македонскиот јазик, како закон кој допрва треба да се изгласа, ќе предизвика промени и усогласувања и на други закони, влучително и на законот за употреба на јазиците“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека за тоа е веќе разговарано на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и се разгледуваат и анализираат сите промени што ќе треба да се случат.

„Тука се промените за продолжување на стипендиите за македонистите, регулирањето на бројот на часови по македонски јазик на сите нивоа во образованието, па и на Законот за употреба на јазиците“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката исткна дека сите потребни усогласувања ќе се направат, а иницијативата за тоа веќе се подготвува.

Можеби ќе ве интересира

„Матица македонска“ ги објави „Сопатници“ и „Писма од Норвешка“ од Исидора Секулиќ

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Кругови“ од Санде Стојчевски

ДЕСК

„Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

ДЕСК