Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Стејт департмент: Ние сме силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

„Западен Балкан денеска е во фокусот на Стејт департментот, а државниот секретар Ентони Блинкен се подготвува за средба со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски“, пишуваат дел од американските медиуми. За темите на средбата пред медиумите одговараше еден од портпаролите на Стејт департментот, Ведант Пател.

Пател истакна дека Северна Македонија е силен партнер и сојузник во НАТО и поддржувач на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тој напомена дека Северна Македонија пружила воена, хуманитарна и енергетска инфраструктурна поддршка на Украина, нагласувајќи ги областите во кои постојат силни билатерални односи.

„Ние сме исто така силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и веруваме дека иднината на Западен Балкан е директно во рамките на Европската Унија“, изјави Пател, пренесува The Pavlovic Today.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +