Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

(Фото) Полицијата во потрага – Исчезнаа две девојчиња во Скопје, биле на екскурзија

Како што пишуваат повеќе медиуми исчезнати се Две девојчиња и тоа со иницијали А.Ј. (12) и Р. И. (14).

Девојките се бараат од 15:50 часот денеска во Скопје.

Како што пишуваат медиумите На девојчињата им се губи трага откако дошле на екскурзија во Скопје од Струмица.

Медиумите додаваат дека Последен пат биле видени во Веро Џамбо. На социјалните мрежи се споделува апел за нивно пронаоѓање, а повеќе информации се очекуваат наскоро.

Полицијата го потврди настанот.

– Денеска (08.05.2023) околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје.

Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, велат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК