Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се апсеше низ Скопје и овој македонски град

На 07.05.2023 во 00.50 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.05.2023 во 01.00 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобоода Р.М.(32) од Данска затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.05.2023 во 02.30 часот пред угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.Б.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.05.2023 во 03.00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода С.М.(25) од Македонски Брод, со привремен престој во Кичево, А.М.(30) од с.Лисичани, општина Пласница, И.В.(33) од Струга и С.Р.(26) од с.Јеловлане, општина Боговиње затоа што при преглед кај нив, кај С.М. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК