Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРАвест

Костадиновска-Стојчевска: Секој граѓани треба да ги прочита, почувствува и доживее македонските великани

„Денес, кога секојдневно се среќаваме со различните дела македонските великани, сфаќаме постои можност во изминативе 30 години тие да не биле промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно – јас велам дека може и треба уште повеќе – нивното огромно творештво треба секој граѓанин да го прочита, почувствува и доживее, повеќекратно, на свој начин“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Рацин.мк“.

Таа додава дека 2023 година е посветена на исклучителниот Ацо Шопов и дека достоинствено се одбележува со бројни проекти поддржани од Министерството за култура.

„Оваа годишнина е впишана и во календарот на УНЕСКО и заедно, пред извесно време, достојно се осврнавме на богатото творештво на Шопов. Оваа година се навршуваат 120 години од објавувањето на книгата ‘За македонските работи’ на Крсте Мисирков и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик кој го носи неговото име“ вели Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека во 2023 година се одбележуваат низа годишнини и јубилеи кои низ културните установи и центри низ државата достојно ќе се одбележуваат со поддршка на Министерството за култура.

„Уште многу убавини од македонското творештво ни претстојат. Сите заслужуваат почест и место во колективната меморија. Она што е доста важно е дека правиме напори во исто време да ги одбележуваме овие јубилеи и надвор од границите на државата. Како што го одбележавме 100-годишницата од раѓањето на Ацо Шопов во УНЕСКО во Париз, така и овој 5 Мај го одбележавме во КИЦ-от во Њујорк со пригодна програма од македонски уметници кои изведуваа македонска музика. И така продолжуваме и во иднина“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје

ДЕСК

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК