25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Културната фела треба да работи на соработка и подавање рака во интерес на творештвото и уметноста

„Проблемот со кавгата меѓу џез оркерстарот и филхармонија беше технички, просторен, но тој исфрли на површина други појави и синдроми со кои ќе треба културната фелата и тоа како да се позанимава, пред сѐ во интерес на македонското творештво и македонската уметност. Мислам на недостатокот на соработка. Мислам на појавите на отфрлање на другиот наместо подавање рака, на исклучивоста и еднонасочната комуникација наместо водењето дијалог и барањето решенија, на субјективноста наспроти помагањето“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за „Рацин.мк“.

Таа додаде дека во земја која заедно ја градиме како едно општество за сите, среде главен град кој е Град на солидарноста, мораме да најдеме начини да се почитуваме и помагаме едни со други многу повеќе, за проблемите за простор и опрема лесно се решаваат

„Всушност, во оваа ситуација дојде до недоволно, не сакам да помислам дека тоа беше намерно, информирање на вработените во Филхармонија за тоа што всушност значи употребата на нивната адреса за формирање на новата НУ. Да напоменам, употребена е само адресата административно и формално правно. Објектот на Филхармонија е државен имот, да, но е даден на трајно користење на НУ Филхармонија. И нема друга одлука на Влада која го побива тоа. За формирање на нова национална установа потреба е адреса од државен имот додека да се комплетира администравното формирање. Иако ова беше објаснето на сите состаноци со Синдикатот при Филхамронија, ИО и дел од вработени, сепак постои силна причина да се искривуваат фактите“ рече Костадиновска-Стојчевска.