20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација

„Во 21 век кога јазиците се користат толку интензивно, од голем број граѓани и преку разни форми на вербална, пишана и дигитална комуникација, не може да стане збор за негирање јазик. Не само за македонскиот, туку за било кој друг јазик. Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за „Рацин.мк“.

Таа додава дека Денот на македонскиот јазик стана препознаен од целото општество и претставува момент кога на пиедестал покажуваме дел од нашите тековни иницијативи кои ги подготвуваме и реализираме низ целата година.

„Оваа година во одбележување и славењето на денот неподелено учествуваа сите граѓани на земјата, Македонците, Албанците и сите останати етнички заедници, власта и опозицијата, младите и возрасните. Оваа година видовме како со впечатливо учество во славењето на македонскиот јазик и македонското кирилично писмо учествуваа и странците, дипломати во нашата земја и надвор од неа. Очигледно е дека македонскиот јазик поврзува, победува и поттикнува“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Како што кажа министерката ваквиот амбиент за сите нас е силен ветер во грб, особено во време кога македонскиот јазик ни станува еден од јазиците кои се употребуваат во ЕУ и во време кога во Грција се случи верификација на Центарот за учење македонски јазик.

Спонзорирано: