Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Светски ден на слобода на медиумите

Денешниот ден, под мотото „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ има за цел да ја зголеми свесноста за улогата на новинарите и медиумите во промовирање на демократијата и на човековите права и да потсети дека без слобода на медиумите нема слобода на изразување.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува по 30-ти пат и претставува потсетник за владите и организациите да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување, предвидено со член 19 од Универзалната декларација за човекови права на ОН.

Според последниот извештај на Репортери без граници за 2023 година, Македонија бележи значајно подобрување на полето на слободата на медиумите, но и понатаму има предизвици со кои треба да се справи. Во таа насока, Агенцијата како и досега ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК