Centar.mk
ЛОКАЛНО

Важна вест за Скопјани: Избегнувајте ги овие улици – Посебен режим на сообраќај за денеска и утре

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од 19.00 часот денеска (03.05.2023 – среда) и утре (04.05.2023 – четврток), по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Според потребите, утре за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на 04.05.2023 (четврток) затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до бул.„Гоце Делчев“ во Скопје.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +