10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

„Рамо до рамо до победа“ во Крушево: Градоначалниците на СДСМ се пример за одговорност и работа, ВМРО-ДПМНЕ ги разочара граѓаните

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска денеска заедно со Методија Димовски беше во Крушево како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“

Костадиновска Стојчевска истакна дека граѓаните на Крушево можат да бидат задоволни што за свој градоначалник го имаат Томе Христовски човек кој навистина работи за сите граѓаните и ги реализира проектите наведени во Програмата.

– ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од граѓаните во над 40 општини. Што гледаме во тие општини што ги води ВМРО-ДПМНЕ? Нема ниту еден реализиран проект, стагнација, задолжувања и нови поголеми сметки за граѓаните. Не е примерот само во Скопје, така е и во Битола, во Прилеп, насекаде. Ништо друго. ВМРО ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт во историјата на земјата, ја изневерија доврбата на граѓаните и тоа е секогаш така кога се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во прашање, едно зборуваат во кампања друго прават. За разлика од нив, Крушево е пример како се работи одговорно, како се реализираат проектите коишто се ветени, гледаме раст и развој и тоа е одлика на СДСМ, рече Стојчевска.

– Посветено, одговорно и домаќински, тоа е односот на СДСМ кон граѓаните и државата. Со нашите државнички одлуки го развиваме секое населено место, ги реализираме стратешките цели. Станавме членка на НАТО, водиме проговори за членство во ЕУ и ја обезбедуваме иднината на државата. Сето тоа носи придобивки и за граѓаните, носи зголемени странски инвестиции, пристап до нови европски фондови и повеќе пари во македонската економија. Затоа заедно со вас, продолжуваме по европскиот пат, истакна потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ НАГОРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +
error: Соддржината е заштитена.