9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Инспекторите ги чешлаа увозниците на овошје и зеленчук – Владата ги продолжи мерките за замрзнување на цените

Утрово пазарни инспектори извршија координирана акција заедно со тимовите на МВР, финансиската полиција и агенцијата за одземен имот во магацини кои се лоцирани во Кванташкиот пазар во Скопје.

Според информациите инспекторите тргнаа во контрола на увозниците и трговците зо зеленчук и овошје со цел да се провери дали се почитуваат мерките на владата за замрзнување на цените, но и легалноста при увозот.

Според првичните информации инспекторите одзеле фактури од увозниците за кои има сомнеж дека се лажирале цени пред царинската управа.

Покрај ова инспекторите затекнаа и трговци кои работат на црно.

Казните за непочитување на законската регулатива се движат од 800 до 10000 евра зависно од големината на субјектот.

Контролите врз увозниците ќе продолжат, а допрва проверките треба да покажат колкава штета е направена врз буџетот со лажирање на фактурите.

Инаку на денешната седница, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки:

• за леб бел (сечен на парчина или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало и

• за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Имајки во предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, којашто треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените сѐ уште не се стабилизирани, според Образложението од предлагачот, Министерството за економија, има потреба од продолжување на примената на вака утврдените највиски трговски маржии во следните два месеца од оваа година, односно до 30 јуни 2023 година.

Спонзорирано: