Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето за претстојниот викенд?

Во сабота попладне ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во недела ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Прогноза за 22.04.2023
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Променливо облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 23.04.2023
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 24.04.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Умерено до значително облачно, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +