Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Нови 4.000 работни места со високи плати, многубројни бенефити од најголемата странска инвестиција

Со економските политики на Владата предводена од СДСМ македонската економија е препознаена како атрактивна дестинација за вложувања од реномирани странски компании, соопшти владејачката партија.

Потврда за тоа, како што велат, е најголемата странска инвестиција од осамостојувањето на државата, на тајванската компанија „Јагео“, од 205 милиони евра.

„Тајванската компанија ќе отвори нови 4.000 работни места со високи плати. Покрај тоа, „Јагео“ ќе обезбеди многубројни бенефити, осигурувања, обуки, кариерен развој за вработените во двете нови фабрики во ТИР-зоните во Скопје и Штип. Одамна е завршено времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги третираше работниците како евтина работа сила.

СДСМ го цени трудот на работниците и продолжува да реализира мерки и политики што обезбедуваат економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани“, порачаа од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Објавена најновата четиридневна прогноза

ДЕСК

ДУИ: ЕУ извештајот за 2025 најкритички документ во последните години и потврдува изразен регрес на земјата во процесот на европска интеграција

ДЕСК

Радовишанка обвинета лажно пријавување бомба во основно училиште

ДЕСК