Centar.mk
ЛОКАЛНО

Известување за времен режим на улица Даме Груев на 21.04. (петок) и 22.04.2023год.(сабота)

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека на ден 21.04.2023г. (петок) и 22.04.2023г.(сабота) на улица Даме Груев во насока од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија ќе биде воведен времен режим на сообраќај во периодот од 8ч. до 15ч. поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот, односно машинско гребење на оштетениот асфалт на улицата Даме Груев.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе бидат затворени двете коловозни ленти.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК