Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски на средба со црногорскиот министер Зоран Милјаниќ

На социјалните мрежи следниов статус го објави Оливер Спасовски

На средба со Зоран Милјаниќ, министер без портфолио во Владата на Црна Гора, разговаравме на актуелни теми, како и за продолжување на успешната билатерална соработка помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Црна Гора, а во насока на унапредување на оперативната соработка во повеќе области како што се борбата со илегалната миграција, организираниот криминал и корупцијата, тероризам и сајбер криминал.
Заеднички се согласивме дека регионалната соработка е од исклучително значење во сузбивањето на овие појави, а од особено значење е и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, но и заедничкото учество во Регионалните иницијативи.
Како НАТО сојузници, заедно со Црна Гора, една од најбратските земји на Северна Македонија, продолжуваме во создавањето на просперитетен регион, заедно исполнувајќи ги обврските од европската агенда, како идни членки на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК