Примиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати до менаџментот на „Јагео“, директорот на ТИРЗ, граѓаните и медиумите, со цел да ја поздрави инвестицијата на „Јагео“ во Технолошко индустриската развојна зона во Скопје и Штип. Оваа гринфилд инвестиција на вредност од 205 милиони евра, создава нови над 3900 работни места, што ја прави најголемата инвестиција од осамостојувањето на земјата.
Примиерот Ковачевски искажува благодарност до тимот на „Јагео“ и ТИРЗ за неуморната работа која ја извршуваат, за да се реализира оваа инвестиција. „Јагео“ е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти со силно глобално присуство и производствени капацитети во Азија, Европа и Америка со над 40.000 вработени ширум светот.
Електронските компоненти кои ги произведува „Јагео“ се користат во авионската и автомобилската индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија и други области. Со новиот концепт на поддршка на инвестициите, Северна Македонија успеа да стане високо позиционирана на мапата на инвестициски дестинации кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни инвестиции од кои ќе има бенефит како држава, но уште поважно инвестиции кои носат директен бенефит за граѓаните.
Примиерот Ковачевски наведува дека бројките најдобро зборуваат за ефикасноста на новиот концепт на инвестиции и поддршка на инвестициите во ТИРЗ.